16 Декември, 2025
0.1465

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2024 09:25

Добивај вести на Viber

По кратко боледување, синоќа на 65-годишна возраст починал Драган Марковиќ Палма, поранешниот градоначалник на Јагодина и претседател на собранието на тој град. Како што пишуваат српските медиуми, овој политичар во текот на неговиот живот, бил поврзан со бројни афери. Имено, во април 2021 година, потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ, го обвини дека „заедно со коалиционите партнери подведувал жени и девојки“. Марковиќ ги негираше обвинувањата

Српската јавност го памети и по тоа што во 2018 година му гостуваше на покојниот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, тема на средбата беше соработката меѓу Загреб и Јагодина и Хрватска и Србија.

Палма своевремено тесно соработуваше со Жељко Ражнатовиќ Аркан, водачот на четничките и паравоените единици, со кого во 1993 година ја основа Српската партија за единство.

- Немав никаква врска со војната во Хрватска. Јас не го финансирав Аркан, како што тврдат некои. Не бев меѓу војниците, а во политиката влегов дури во 1995 година, по војната – гласи една од неговите изјави.


Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството