19 Мај, 2024
0.0352

2020-та: Невиден пад на угостителско-туристичкиот сектор

Објавено во: Економија 31 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Годинава што изминува ќе заврши со пад на прометот од преку 70 отсто во туризмот и угостителството. Компаниите и покрај тоа што до сега имаше неколку пакети со економски мерки од државата, бараат посебни мерки за поддршка од државата за да опстанат и да ги задржат вработените.

Заклучно со октомври, евидентирани се само 414.824 туристи со реализирани 1.589.009 ноќевања, што е намалување за 47,2 отсто. Бројот на странски туристи бележи пад од  84,1 отсто.

Даниела Василевска Михајловска, самостоен советник во  Стопанската комора на Македонија, очекува падот да биде уште поголем во последниот квартал со оглед на уште поголемите рестрикции и скратувањето на работното време.

– Сепак, податоците од официјалната статистика покажуваат дека владините мерки пред се, во делот на издавање на ваучерите за одредена категорија граѓани како поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, дадоа резултат во туристичките центри особено во летната сезона, велиу Василевска Михајловска.

Кај туристичките агенции има пад од 99 отсто во вториот и речиси 88 проценти во третиот квартал, а кај угостителските објекти најголем е кај хотелите и останатите објекти за ноќевање од 88 проценти во второто, односно 54,3 отсто во третото тримесечје. Василевска Михајловска побара и системски решенија за овој сектор и подобро таргетирање.

- Она што е извесно е дека секторот туризам и угостителство многу брзо може да даде позитивни резултати по завршување на кризата, со отворање на границите и анкетите што во светски рамки се прават за интересот на луѓето за патување, но сепак фактот дека корона вирусот трае, а вакцинирањето е процес кој нема да заврши брзо, остава простор и можност негативните ефекти да се чувствуваат уште одреден период и во 2021 година. За таа цел, потребно е овој сектор како посебно погоден од светската пандемијата да биде поддржан и во периодот што следи, со цел да се одржи кондицијата на компаниите, да се задржат работниците на работа, агресивна промотивна кампања на дестинација, поддршка на ПЦР тестови за странски туристи а со тоа и атрактивноста дестинацијата Северна Македонија пред потенцијалните странки туристи, вели таа.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници