2024: Година на чуда и достигнувања во „Аџибадем“ Турција
Објавено во: Мои пари 06 Јануари, 2025
Оваа година, како и секоја година во „Аџибадем“, ја одбележаа револуционерни медицински достигнувања и напредни методи на лекување. Од успешно лекување на 67-годишен пациент со Паркинсонова болест до изведување сложена операција за разделување близнаци споени во градите и безброј други случаи, „Аџибадем“ и натаму е сигурен избор за решавање на некои од најпредизвикувачките медицински случаи во светот. Тие извонредни достигнувања уште еднаш, по 9-ти пат, ѝ ја донесоа на „Аџибадем“ Турција престижната титула „Најголем извозник на здравствени услуги“.
Надвор од границите, поврзување на пациенти ширум светот
Како една од најзначајните меѓународни институции за здравствена заштита низ годините со 24 болници, 15 амбуланти и над 25.000 здравствени професионалци, „Аџибадем“ го негува својот углед низ светот. Медицинските институции во Турција, Бугарија, Северна Македонија, Србија и Холандија со гордост продолжуваат да им излегуваат во пресрет на своите пациенти. Покрај овие, „Аџибадем“ работи со 59 претставништва во 56 градови во 33 земји, зајакнувајќи ја својата посветеност за обезбедување поблиски врски со пациентите ширум светот. Мисијата на компанијата останува да ја прошири оваа мрежа со пациенти за да го зајакне нејзиниот глобален дострел.
Покрај најсовремените медицински институции, „Аџибадем“ останува пионер во здравството, со тим од над 3.300 специјалисти, 4.700 медицински сестри и врвна технологија. Институцијата го опфаќа и 20-от центар за дојка кој беше отворен годинава, 11 акредитирани центри за рак, 16 центри за нега на срце, 14 центри за ИВФ, 10 центри за трансплантација на органи, 10 центри за 'рбет, 3 центри за спортска медицина акредитирани од ФИФА, како и 10 центри за нуклеарна медицина и 6 за роботска хирургија - сите посветени на обезбедување највисок стандард на нега во нивните области.
Иновации во „Аџибадем“ Турција
„Аџибадем“ е позната по своите револуционерни медицински достигнувања и стручност во решавањето сложени медицински случаи. Со пристап насочен кон пациентот и приспособени планови на лекување, „Аџибадем“ доследно е светилник на надеж за пациентите низ светот. Обезбедувањето широк спектар на висококвалитетни медицински услуги за 55.000 пациенти од 148 земји и постоењето како сигурен избор, по 9-ти пат ѝ ја донесе на „Аџибадем“ шампионската титула на најголем извозник на здравствени услуги.
Додека посветеноста и стручноста на лекарите на „Аџибадем“ имаат централна улога во нејзиниот успех, технолошкиот напредок е подеднакво клучен во обезбедувањето исклучителна нега. Пациентите имаат корист од врвните технологии за радиотерапија, како што се CyberKnife, Gamma Knife, MR Linac и Ethos, кои ја интегрираат вештачката интелигенција во лекувањето рак. И покрај тоа што веќе нуди некои од најнапредните медицински технологии достапни денес, „Аџибадем“ и натаму инвестира во иновации, осигурувајќи највисоки стандарди за безбедност на пациентите, задоволство и хируршка прецизност.
Некои од револуционерните медицински достигнувања
Во 2024 година, 6 милиони пациенти ја посетија „Аџибадем“ Турција заради медицински третмани, секој од нив донесе безброј трогателни приказни, од пластична хирургија до онколошки случаи.
Разделување споени близнаци
17-месечни споени близнаци дојдоа од Алжир во болницата „Аџибадем Атакент“ во Турција за операција на разделување. Покрај вродената абнормалност спојување во градите, сложеното срцево заболување го направи овој случај уште потежок. Тие делеа перикардијална вреќа, градна коска и ткива на градниот кош. Нивното разделување траеше со месеци, вклучувајќи планирање на лекувањето и 2 операции од вкупно 9 часа. Учествуваа тимови по кардиоваскуларна хирургија, пластична и реконструктивна хирургија и специјалисти по анестезија. Овој инспиративен процес траеше со месеци; предоперативни, хируршки и постоперативни активности за да можат близнаците конечно да функционираат одделно
Длабока мозочна стимулација за Паркинсонова болест
67-годишна пациентка од Азербејџан боледувала од Паркинсонова болест 11 години. Пред се, со дијагнозата за Паркинсонова болест, таа имала симптоми на дискинезија во зависност од несаканите ефекти на лекот што го користела. Нејзините движења биле забавени, а треперењето почнувало секогаш кога лекот ќе гозагубел дејството. Бидејќи се справувала со тие симптоми, решила да стапи во контакт со „Аџибадем“ Турција поточно со професор д-р Фатих Бајракли за да мине низ процедурата наречена Длабока стимулација на мозокот (ДБС). По операцијата, таа се вратила во својата земја, ослободувајќи се од болеста.
Успешно ИВФ кај пациентка од Азербејџан
Пациентка за вонтелесно оплодување (ИВФ) од Азербејџан, која имала над 40 години ја контактирала „Аџибадем“ Турција за ИВФ одделението. Бидејќи била во поодмината возраст за мајчинство, професор д-р Џем Фичиџиоглу решил да спроведе пред-тестирање за имплантација на ембрион. Таа ги поминала потребните испитувања и третмани се додека не биле имплантирани ембрионите. Потоа, професор Фичиџиоглу советувал да се направат генетски скрининг испитувања на ембрионите. По поправањето на внатрешниот деформитет на матката, имплантацијата била изведена и пациентката забременила. Биле имплантирани два ембриона и пациентката се вратила во својата земја со своите здрави близнаци.
пр објава