04 Јануари, 2025
0.0257

Како да управувате со вашиот долг?

Објавено во: Мои пари 02 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Управувањето со долговите може да биде сложен процес, но со вистинската стратегија и малку повеќе упорност, возможно е да ги ставите вашите долгови под контрола, па дури и порано да ги исплатите.

1. Направете листа

Првиот чекор во управувањето со долгот е да разберете што должите и кому му должите. Соберете ги сите сметки и запишете износите кои треба да ги платите . Во листата, вклучете ги сите платежни картички, кредити и сите други обврски за плаќање што ги имате.

2. Направете буџет

Една од најважните работи што можете да ги направите за да управувате со долгот е да направите буџет. Буџетот ќе ви помогне да ги следите вашите приходи и расходи и ќе ви даде подобра слика за тоа каде одат вашите пари и колку реално можете да си дозволите да одвојувате средства за вашите долгови и обврски секој месец.

3. Одредете го приоритетот на Вашите долгови

Многу е важно да го одредите приоритетот на вашите обврски и долгови за да можете да ги фокусирате вашите напори за нивна отплата. Започнете со обврските и долговите кои имаат највисока камата. Ако имате повеќе долгови со иста каматна стапка, фокусирајте се на помалите износи, бидејќи тие ќе бидат полесни за отплата. Но, ова не значи дека треба да прескокнете било која од вашите кредитни обврски.

4. Навремена отплата

Навременото плаќање е клучно за управување со долгот. Задоцнетите плаќања може да резултираат со дополнителни камати за доцнење, пенали и влошување на вашата кредитна историја. Ако имате било какви потешкотии при  отплатата, контактирајте ја институцијата каде должите и побарајте поддршка за развој на поинаков план за отплата на долгот.

5. Уплаќајте повеќе од минималниот износ за отплата

Секогаш кога можете, уплаќајте повеќе од минималниот износ за секој долг. Дури и мал дополнителен износ  може да се акумулира со текот на времето и значително да ги намали вашите вкупни трошоци.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Анализа која ја прават финансиските институции кога аплицирате за кредит

Анализа која ја прават финансиските институции кога аплицирате за кредит

Македонската ракометна репрезентација оди на Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација оди на Светско првенство

ПОВЕЌЕ ОД 12 И ПОЛ МИЛИОН ЕВРА, ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО 2024

ПОВЕЌЕ ОД 12 И ПОЛ МИЛИОН ЕВРА, ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО 2024

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО