Добивај вести на Viber
Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе присуствуваат на пуштање во употреба на новиот магистрален пат Радовиш-Струмица.
Како што соопшија од ресорното Министерство, со новиот патен правец во должина од 10 километри ќе се овозможи брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри.
Во изградбата на патот Радовиш-Струмица се вложени 445 милиони денари, обезбедени од државниот Буџет.
Инаку градежните работи ги изврши компанијата „Гранит“, откако претходно беше раскинат договорот со хрватска ИНГРА заради доцнење со роковите.