Добивал тендери од власта, сега стана владин директор
Објавено во: Економија 04 Декември, 2025 07:50
Амет Имери е назначен за в.д. директор на Бирото за регионален развој, државен орган под Министерството за локална самоуправа. Станува збор за истиот човек кој во 2015 со неговата фирма добил тендер за психолошки тестови за кандидатите за наставници и професори од основното и средното образование.
Имери од Теарце на оваа функција доаѓа на местото на Даут Мемиши, кој сега е градоначалник на истата општина откако на локалните избори победи како кандидат од редовите на „ВЛЕН“
Новоизбраниот директор Имери бил сопственик на фирмата „Флуент“ која своевремено од Министерството за образование го добила тендерот од 76.000 евра за да ги прави сега веќе укинатите психолошките тестови, инаку тогаш како новововедени.
„Флуент“ било основано во 2012 од организацијата Исламскиот младински форум, а директор бил Амет Имери. Четири месеци пред да го добие тендерот од Министерството за образование, Амет Имери станува сопственик.
За полагањето на тестот на личноста при полагање на стручниот испит, приправниците во основните и во средните училишта плаќале по 3.500 денари, бидејќи трошоците за процената на карактеристиките паѓале на товар на приправникот.
Психолошките тестови како услов за вработување во администрацијата, но и за именување раководни кадри во институциите се укинува во 2018 со законски измени. Самото носење на законот за психолошки тестови 2011 година од тогашната влада, како услов при вработување во администрацијата беше многу контрадикторно и предизвика големо внимание во јавноста.
Работата на Бирото за регионаен развој, каде што сега Имери е директор, е подобрување на развојот на различни региони и локални самоуправи, особено оние со специфични развојни потреби, а проектите по спроведени повици што ги одобрува, годишно чинат десетина милиони евра и повеќе. “Буџетот” што го има БРР е составен од повеќе извори — државни, локални, европски, донации — што значи дека вкупната сума варира годишно.А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





