20 Декември, 2025
0.0535

28 ГОДИШНИОТ УЧЕСНИК ВО УБИСТВОТО НА ДЕНИС ТОТ Е ВО БЕГСТВО - по него е распишана потерница

Објавено во: Македонија 09 Април, 2022 16:00

Добивај вести на Viber

Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти, соопштуваат од МВР.
На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест.

Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар при Клиниките „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош со реанимација и бил ставен на апарати за дишење, во критична состојба.

Според лекарите повредениот имал престанок на работата на срцето и бил во животна опасност. Во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.

За настанот известен е дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје и по негова наредба на телото на починатиот е предадено на обдукција.

Воедно обезбедени се видео записи од безбедносни камери, Safe City и ноќниот клуб, а од страна на ЕУМНА при СВР Скопје подигнати се предмети од починатиот што ќе бидат предадени во ОКТИВ при МВР за вештачење.

Вчера на 08.04.2022 година, во просториите на ЕНК при ЕВР Скопје во присуство на бранителот, извршен е службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените.

Постапувајќи по Наредба издадена од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на ден 08.04.2022 година, извршен е претрес во домот  на лицето А.Ѓ. кој е недостапен на органите на прогонот и со потврда за привремено одземени предмети одземени се предмети што ќе бидат доставени на вештачење во ОКТИВ при МВР.

По лицето А.Ѓ. (28) од Скопје е распишан централен распис.
Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје е доставен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти