ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 13:30
Клиниката за гинекологија каде почина новороденче денеска преку соопштение до медиумите информира дека обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите и дека причина за смртта е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието.
- По добивањето на резултатот од страна на Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба, стои во информацијата од ГАК.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција рече дека веќе е формирана стручната комисија и замоли да се почитуваат процедурите и да се причекаат извештаите од сите институции пред да се носи каков било заклучок, замолувајќи да не с еправи сензација од случајот.
Фото:МИА
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП




