Добивај вести на Viber
300 евра ќе биде казнет наставникот кој нема редовно да го ажурира својот дневник. Ова, како што денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски, е своевидно намалување на казната која досега била 100 евра, за невнесување на оценките и изостаноците во Е-дневникот, а треба да стапи во сила откако ќе помине дополнувањето на Законот за просветна инспекција кој денеска во прва фаза помина во матичната собраниска комисија.
За пратениците од опозицијата оваа казна законската обврска ја оценија како премногу висока санкција која директно ќе удри по џебот на просветните работници и побараа пофлексибилни услови и пониски парични казни за наставниците.
За пратениците од владејачката гарнитура, новините ќе помогнт во работата на наставниците и на родителите кои сакаат навреме да добијат информации за нивните деца.
Министерот денеска информираше и дека во земјава паѓа бројот на првачињата. Според годинешните податоци, во следната учебната година се запишале 20.774 деца, што значи дека продолжува трендот на пад на бројот на првооделенци во земјава.
„Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата. До денес се запишани 20.774 првооделенци, бидејќи уписот трае уште, очекувам бројот да порасне. Но, дефинитивно, ќе има повторно помалку запишани во прво одделение“, изјави тој.