16 Мај, 2024
0.0413

35 000 РАБОТНИ МЕСТА СЛОБОДНИ ВО ОВАА ЗЕМЈА: Бараат работници од странство, за трајно!

Објавено во: Стил 17 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Секоја година им недостасуваат дополнителни 40 000 до 50 000 работници, што значи дека за десет години ќе им недостасуваат 500 000.

Унгарија се бори со недостиг на работна сила, а само оваа година 35 000 работни места останале непополнети. Едно од решенијата е и ангажман на работници од странство.

„Сметаме дека ни се потребни работници од странство. Поради потребата за нивно вработување, доселувањето во Унгарија ќе биде многу важно, можеби дури и трајно-вели Ференс Ролек, потпретседател на на Здружението на унгарски работодавци и индустријалци (MGYOSZ).

Според неговите зборови, на Унгарија секоја година и недостасуваат дополнителни 40 000 до 50 000 работници, што значи дека за десет години ќе им недостигаат 500 000.

Главна причина за тоа е демографскиот развој. Ниската стапка на наталитет довела до намалување на бројот на жители така што во 2001 година тој прв пат од 1960 година бил под 10 милиони.

Просечна плата 650 евра

Покрај тоа, многу Унгарци ја напуштиле земјата во потрага за поголема заработка во други држави на ЕУ, бидејќи за 2015 година просечната плата во Унгарија изнесувала околу 650 евра, оо што е на дното на 28-члената унија.

Во предлогот на Здружението на работодавци се вели и дека тоа би требало да ги привлече доселениците кои лесно може културно да се интегрираат во унгарскиот социјален живот.

Министерот за економија Михајл Варга ја поддрќува идејата на работодавците и вели дека владата би требало да ја поддржи идејата за позајмување на квалификувани работници од третите земји, значи и оние надвор од ЕУ.

Фирмите го намалуваат обемот на работа поради недоволно работници

Дир Воелфер од Германската економска комора вели дека германксите фирми, на кои отпаѓа четрвтина од сите странски инвестиции во Унгарија, го намалуваат обемот на работа во таа земја, поради недоволниот број на работници.

-Долгорочно гледано, ако немате на располагање квалификувани работници, добро ќе размислите дали ќе сакате да ги ширите капацитетите-јасен е Воелфер.