Добивај вести на Viber
Пред продажното место Вагабонт, на Широк сокак во Битола, во неделата на 27 октомври, во присуство на бројни љубители на игрите на среќа, водителите Виктор Петров Викса и Марјана Станојковска ја реализираа првата промоција на новите игри на среќа на ДЛМ, Бинго Бум и Топ5.
„Во Битола нашата екипа ја запозна и сипматичната играчка на игрите на среќа, посебно на Лото. Восхитени од податокот дека таа ревносно цели 35 години била верна на оваа игра на среќа, но и внимателно ги чувала сите свои Лото ливчиња, решивме да и подготвиме убаво изнадување, на кое таа многу се израдува. Нашата екипа и подари 35 Инстант грепки со сите наши актуелни игри на среќа, сакајќи со тоа да и го одбележи на забавен начин нејзиниот убав јубилеј овозможувајќи и приота повторно да се радува на можноста да стекне нови добивки додека ги игра овие игри на среќа“, соопштија од Лотарија на Македонија.
Со оглед на зголемениот интерес за учество во игрите на среќа со извлекување бројчиња, Државна лотарија на Македонија го реализира и промотивниот караван низ Македонија во кој секој од играчите ќе има можност да се информира за двете нови игри на среќа. Планирано е да бидат посетени многу градови во Македонија, а сите промоции ги има на интернет сајтот loto.mk .
Извлекувањата на првото коло од двете игри ќе бидат сместени во една ТВ емисија што ќе го носи името ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА. Емисијата се очекува да започне во првата половина на ноември, а ќе се емитува секој понеделник од 20,30 на МРТ1.