За нова канализација во Црниче потрошени 3,5 милиони денари
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2013
Заврши реконструкцијата на фекалната канализација во Црниче и сите градежните работи на дел од улицата „Христо Узунов“ и дел од улицата „Партение Зографски“ во населбата Црниче, информираа од општина Кисела Вода.
Новата траса на фекалната канализација сега се води од десната страна по улицата „Христо Узунов“ во должина од околу 190 метри, а кон неа се вклучи и крак од улицата „Серска“. Канализација доби и десната страна на улицата „Партение Зографски“ во должина од околу 120 метри, а на овој потег е вклучен и постоечкиот крак на фекална канализација од дел на улицата „Партение Зографски“, соопшуваат од општината.
Како изведувач на градежните работи е фирмата Д.Г.Т. Жикол Дооел Струмица, а проектот чинеше 3,5 милиони денари општински пари.