19 Мај, 2024
0.1427

43 отсто од медиумските објави во Македонија се потенцијални дезинформции

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од белградскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) денеска соопштија дека во Македонија 43 отсто вести и медиумски објави за меѓународната политика, Европската Унија, САД и Русија се објавуваат без наведен извор што е основа за потенцијални дезинформации.

Според резултатите од истражувањето спроведено во периодот од 14 мај до 10 јуни во Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, на 5.000 медиумски објави во печатот, онлајн медиумите и на телевизите, а најмногу медиумски објави без да се именува изворот во регионот е забележано во Македонија.

Застапеноста на неутралната и пристрасната позитивна медумска содржина за ЕУ во Македонија, БиХ и во Црна Гора варира помеѓу 19 и 25 отсто во медиумските објави.

Во Србија најпозитивно се информира за Русија, а над третина од медиумските објави се без наведен извор, за разлика од НАТО за кој се известува негативно. Вестите кои се објавуваат во Србија за ЕУ се претежно неутрални и се известува повеќе технички.

Според Раша Недељков програмскиот директор на ЦРТА , во Србија во медиумите „најмногу има цитати на претседателот Александар Вучиќ, во кои тој говори за ЕУ или неутрално или позитивно, додека Ивица Дачиќ се цитира многу помалку, каде тој подеднакво дава негативни и позитивни коментари за ЕУ“.

Во Црна Гора и во БиХ забележан е значително помал број објави без да се наведе цитат на изворот.

Од ЦРТА наведуваат дека карактеристика на дезинформациите и на лажните вести е таа што тие најчесто се пласираат без јасно наведен извор на веста, со пристрасно и необјективно известување.



Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално