Добивај вести на Viber
Утрово на граничниот премин Богородица, кон Грција бил спречен обид за шверц на 480 свечени фустани чија крајна дестинација била Германија. Фустаните, соопштија од Царинската управа,биле откриени откако при рутински преглед на патничко моторно возило со германски регистерски таблички, а управувано од турски државјанин, царинските службеници забележале дека е има многу картонски кутии со стока, која не е пријавена.
Фустаните биле спакувани во 18 картонски кутии, сместени во багажникот, а лицата кои ги превезувале изјавиле дека во Германија имаат бутик за облека, додека фустаните биле набавени од Турција.
Целата роба е запленета, а против сторителите кои ја признале вината, е покрената прекршочна постапка.