16 Мај, 2024
0.0348

5G е технолошка револуција којашто ќе ни помогне да се справиме со најголемите предизвици

Објавено во: Колумни 07 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Новата генерација на мобилни технологии позната како 5G е дизајнирана како предуслов за следното ниво на технолошка револуција или таканаречената Индустрија 4.0. Главните параметри на технологијата од петтата генерација се: исклучително намалена латентност, поврзување голем број уреди (особено паметни и автономни), користење микросервиси и Cloudтехнологии, како и овозможување безбедни и доверливи приватни мрежи преку „network slicing“.

Иако можностите на 4G не се исцрпени, сепак, развојот на индустријата и потребите од адекватна комуникација којашто ги задоволува зголемените можности од вештачката интелегенција, бројот на паметни уреди и потребата за автоматизација и автономија, го налагаат воведувањето на 5G.Kако и секоја нова технологија, и оваа ќесе надградува, созрева и унапредува низ времето, аќе се појават и опции коишто во оваа фаза сè уште не сме ги предвиделе.

Што значи ова низ конкретни примери? Во индустријата сè повеќе ќе се автоматизира производствениот и логистичкиот процес. Во фабричките хали сè повеќе ќе бидат вклучени автономни роботи коишто ќе можат да реагираат во реално време на секој непредвиден настан како во процесот на производство и контрола на квалитетот, така и во логистичкиот дел. Целосната автоматизација и автономност на овие процеси ќе  доведе до поголемо производство, поголема конкуренција и поголема ефикасност од секој аспект.

Од друга страна, сведоци сме на подемот на електрични и полуавтономни возила, коишто се стремат да преминат кон целосно автономни. Најпознат пример за ова се Тесла со нивниот автопилот, a не сме многу далеку ни од моментот кога возилата и целата инфраструктура ќе поминат на автономен режим на работа. Со 5G технологијата, сите возила (комерцијални и патнички) ќе бидат вмрежени и ќе можат да разменуваат податоци, со што драстично ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи, ќе има побрз проток на сообраќајот и намалување на загадувањето. Не е далеку ни моментот на модернизирање на автопатната сигнализација и инфраструктура, којашто ќе биде интерактивна и ќе го управува сообраќајот споредсостојбата и условите на патиштата.

Малата латентност и големите брзини коишто 5G ги носи нè водат во уште едно поле за кое многу се зборува, а тоа се виртуелната и проширената реалност. Оваа технологија со 5G конективност ќе овозможи незамисливи можности во сите сфери од животот. Покрај револуција во индустријата за игри, каде веќе е забележан трендот во сите водечки конзоли за играње, овие технологии ќе донесат револуција во медицината преку далечински хируршки зафати, дијагностика на далечина и др....можностите се неисцрпни.

5G - сојузник во борбата против климатските промени 

Технологијата од петтата генерација,заедно со новите технологии - Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе игра важна улога во надминувањето на современите предизвици, како што се борбата со климатските промени и искоренувањето на гладта.

Со примената на овие технологии, преку контрола на вмрежените паметни уреди, драстично ќе се намалат загадувањето на воздухот и потрошувачката на енергија. Користењето обновливи извори на енергија ќе добие нова димензија, преку системи коишто во реално време ќе можат да се адаптираат за најдобро искористување на капацитетите.

Во земјоделството, во реално време ќе се користат дронови за надгледување и прскање на посевите, а со сензори ќе се мерат и дозираат хранливите материи во почвата, што ќе придонесе за зголемување на производството на храна, со помалку енергија и помал трошок.

Предизвици, подготовки и инвестиции

Воведувањето на секоја нова технологија носи свои предизвици, како техничко – технолошки, така и организациски и општествени. Воведувањето 5G бара нови мрежни елементи во основната мрежа, нови антени на постоечките базни станици и оптика до секоја од нив, зголемување на бројот на базни станици на местата каде е потребно да се овозможат ултра големи гигабитни брзини, употреба на edge cloud технологијата за обезбедување ултра мала латентност итн...За сето ова се потребни  големи инвестиции, работа на терен и период на тестирање, со што ќе бидат овозможени сите предуслови за воведувањето на оваа технологија. Телеком го започна ова патешествие уште во 2018 година, кога го направи првото од низата тестирања и неуморно работеше на терен градејќи ја мрежата на иднината.

Друг важен фактор е регулаторната рамка. За да имаме оптимално и задоволително воведување и искористување на 5G технологијата, потребно е и регулативата за поставување телекомуникациска опрема да биде значително олеснета, секако со целосно почитување на сите пропишани правни и технички норми.

Еден од предизвиците е и справувањето со зголемениот обем на лажни вести и дезинформации коишто се интензивираа за време на пандемијата. Ова не може да се реши со една мерка, но активното вклучување на сите општествени чинители може да го лимитира лошото влијание и да помогне во подготовката на стопанството и општеството за новата технологија бидејќи тоа е во корист на сите.

5G во Македонија

Ние не сме исклучок од европските и светските трендови и не доцниме значително во однос на нив. Како дел од Дојче Телеком, највредниот телекомуникациски бренд во Европа, ние сме секогаш во чекор со новите технолошки и иновациски трендови и истите ги имплементираме локално.
Телеком веќе ја шири мрежата низ целата територија на државата, при што до крајот на годината 13 градови ќе бидат покриени со 5G мрежа, а плановите за понатаму се веќе дефинирани. Секако, користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните неколку години. 
Иако во моментов се чини како футуристичка приказна, за многу кратко време светот каков што го знаеме целосно ќе се смени.

Мирослав Јовановиќ
Главен директор за техника и информатичка технологија


Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка