62 дуќани и 1900 вработени во Billа добија нов сопственик
Објавено во: Економија 04 Април, 2017
Аквизицијата е склучена на 15 декември 2016 година, а за преземање се чекало одобрување од Агенцијата за заштита на пазарна конкуренција.
Откако оваа Агенција даде безусловно одобрение за почнување на работата, од април е реализирано преземање на тргоскиот ланец Billa од Spar, известија фирмите Spar Hrvatska.
Фирмата Billa и натаму ќе продолжи да работи, се наведува во соопштението во кое се вели дека новата управа ќе ја преставува претседателот на Spar Hrvatska, Хелмут Фензл и членот на управата на истата фирма, Даниел Видиш.
„Ги поздравуваме колегите и изразуваме големо задоволство за зголемениот број маркети на Spar во Хрватска. Преземањето на Billa e важен стратешки чекор, и е важен чекор во развојот на Spar на хрватскиот пазар“ - вели Фензл.
Хрватски Spar е сопственик на Spar Österreichische Warenhandels AG. Се наведува дека 19 хипермаркети и 39 супермаркети лани имале приход од продажба од 2.8 милијарди куни.
На крај на 2016 година, Spar Hrvatska вработи 2800 луѓе.
Заедно со 62 дуќани, Spar презема и 1900 вработени од Billa.