Добивај вести на Viber
И годинава средношколците од социјално загрозените семејства ќе може да аплицираат за програмата „Условниот паричен надоместок“ , информираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Со оваа програма се обезбедуваат дополнителни парични средства кои треба на учениците од најсиромашните домаќинства да им помогнат редовно да одат на училиште, со што ќе се осигура дека овие деца ќе го завршат средното образование и ќе имаат подобра позиција за вкучување на пазарот на труд.
„За оваа учебна година очекуваме околу 10.000 ученици да го остварат ова право при што за реализација на оваа мерка предвидени се 120 милиони денари,“ посочи Спасов кој додаде дека крајниот рок за аплицирање е 30-ти Септември.Програмата за Условен паричен надометок се спроведува четврта година по ред.