8. ГОДИНА ПО РЕД, КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ ДЕРМОСКОПСКИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2023 11:20
Месец мај е посветен на подигнување на свеста кај пациентите за рано откривање на рак на кожата. По повод месецот на меланомот, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ успешно организираше и реализираше 100 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки за своите пациенти. Со рано препознавање на сомнителните промени на кожата во најраната фаза на болеста, шансите за излекување се високи и се зголемуваат до 100 проценти, велат дерматолозите.
„Секоја година активно учествуваме во ‘Евромеланома’ – акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Оваа акција, пред сè, има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата меланом и негово навремено откривање и третман. Во Kлиничка болница ‘Аџибадем Систина’ овие прегледи се прават со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD, со која се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа. Ако се открие навреме, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување“, вели проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.
Оваа акција традиционално се одбележува осма година по ред на Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, како дел од меѓународната кампања „Еуромеланома“, која има за цел подигање на свеста за ракот на кожата и промовирање на практиката за рано откривање.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




