Добивај вести на Viber
Оливер Спасовски од СДСМ, реагира дека 90 проценти од пругата што беше пуштена вчера, била завршена од СДСМ.
„90% од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ
Пругата наречена „надеж“ 28 години тапкаше во место и немаше никакво поместување во делот на изградбата. Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува.
СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива.
Инфраструктирните проекти на СДСМ се проекти со трајна вредност и се потврда дека СДСМ работи за реалните потреби на граѓаните, создавајќи проекти кои го унапредуваат животот во нашата земја“, напиша тој.