18 Мај, 2024
0.0321

Ѕвонко спие под орев подолу од изгорената куќа: За миг изгуби 58 години

Објавено во: Македонија 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

За пет минути дојде огнот и уништи се. Сега немам ништо, јас сум сам, немам никого. Силни емоции предизвикува сведочењето на Ѕвонко, жител на селото Нов Истевник чиј дом изгорел во пожарот. Таму живеел 58 години, а за ТВ 21 раскажува како го доживеал моментот и како ноќите ги поминува под оревот, недалеку од неговата куќа. Иако по објавата на репортажата доцна синоќа на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски рече дека ќе помогне, останува тежината во грлото за големината на катастрофата. 

Нов Истевник е село кое пред четири дена се бореше со пламените јазици. Таму целосно изгорени се четири куќи, а делумно зафатена една викендица.

Селото повеќе од два месеци е без вода, а веќе една недела без струја. Жителите велат дека досега никој не ги посетил ниту пак ги прашал дали имаат потреба од нешто.

„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментирал градоначалникот Трајковски на фејсбук.

Во репортажата Ѕвонко раскажува како избегал низ прозорецот и се спасил. Има сестра која живее во Србија но и таа не знае каква судбина го снашла брат и. Во пожарот го изгубил и мобилниот телефон.

Приказната овде


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?