20 Декември, 2025
0.1745

“A1 Academy” со повик за пријавување на третиот модул – Дигитално претприемништво

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2023 13:10

Добивај вести на Viber

А1 Македонија со задоволство го најавува специјалното издание на бесплатната академија за дигитални вештини, “A1 Academy” и од денеска до 05.05.2023г. ја отвора можноста за пријавување на третиот модул - Дититално претприемништво.

 “Циклусот предавања за 2022/2023 година го зокружуваме со уште една атрактивна и модерна тема – Дигитално претприемништво.Големиот број апликации што пристигнуваат за пријавување на академијата ни покажуваат дека младите луѓе ја препознаа нашата намера да го споделиме знаењето и да помогнеме во градењето на успешни кариери во новото дигитално време. Горди сме на успешната реализација во првите два модула и сигурни сме дека и ова специјално издание ќе привлече голем интерес. Со овој повик ги охрабруваме сите млади на кои им е потребно детално познавање за Дигитално претприемништво, да се пријават и да ја искористат можноста за обликување на својата идна кариера”, изјави Елена Димовска, раководителка на  одделот за корпоративни комуникации.

Предавањата заДигитално претприемништво официјално започнуваат на 10 мај и ќе бидатво времетраење од 3 дена, каде учесниците ќе се стекнат со претприемнички вештини, финансиска писменост за правење бизнис план, вештини за евалуација на идеја и за планирање на време и ресурси и ќе имаат можност да запознаат нови дигитални технологии. Учесниците по завршувањето на академијата добиваат сертификат за стекнатото знаење.

Овојпат освен предавачот на академијата кој е врвен експерт во својата област, предавањата ќе бидат збогатени со специјални гости-предавачи, кои на учесниците ќе го пренесат своето знаење со примери од практично искуство. 

Можат да се пријават сите заинтересирани на возраст од 18 – 25г. со пополнување на апликацијата достапна на следниот линк. Селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии