А1 Македонија: Зачуваниот мобилен интернет може да го размените за друга услуга

Објавено во: Економија 18 Септември, 2020 14:57
Потребата постојано да сме поврзани и навремено да ги добиваме сите информации за кои сме заинтересирани го покачија прагот за потребата на мобилен интернет за сите корисници. Возраста или професијата веќе не прават голема разлика бидејќи секојдневието се одвива онлајн. Оттука и актуелните понуди на телекомуникацискиот пазар кои вклучуваат се повеќе мобилен интернет. Но што со гигабајтите кои остануваат неискористени?
А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1Net Sef со воведување уште еден новитет, единствен на европскиот пазар, со кој корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори..
Со оваа најнова опција за размена, корисниците кои патуваат во странство или имаат потреба од меѓународни повици можат едноставно преку мобилната апликација Мојот А1 да активираат дополнителен пакет по свој избор.
Имено, во рамки на одредени тарифни модели од A1 Neo/Neo SIM портфолиото (M+/L/XL) како и A1 Neon+/Neon+ SIM корисниците кои имаат сочувано доволно мобилен интернет во А1 Net Sef ќе можат доколку сакаат да ги заменат сочуваните GB за дополнителни бенефити: интернет во странство или меѓународни разговори. .
Пакети (бенефити) достапни преку Опцијата за размена:
Се што треба да направи корисникот е едноставно да пристапи преку апликацијата Мојот А1 каде се прикажани сите пакети кои се достапни за активација и да ги активира во зависност од својот сочуван мобилен интернет во А1 Net Sef, преку достапното копче “Размени”. Може да бидат разменети повеќе пакети во еден месец (во зависност од сочуваните GB).
Можеби ќе ве интересира
ДПИ, ДЗС И УЈП КОНТАТИРАЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО: Еве што пронашле на терен

И ДУРМО ТУРС МЕЃУ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАЈ КОИ ИНСПЕКТОРАТ КОНСТАТИРАЛ НЕПРАВИЛНОСТИ: Еве кои се другите правни и физички лица кај кои имало неправилности

НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

СУПЕРБРЗО МЕТРО ЌЕ ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Откриени се плановите

БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените
