НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

Објавено во: Економија 23 Март, 2025 11:00
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
"Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку активности, а одредени сектори имаат недостаток на вработени а имаат огромни ингеренции. Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија. На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што значи огромен недостиг на кадар за покривање на сите ингеренции и контрола на сите зададени надлежности ", истакна вицепремиерот Николоски.
Тој најави и одговорност за сите кои го изигруваат и не го почитуваат законот а во однос на направените контроли што се спроведуваат во ноќните клубови и кабареа ширум државата.
"Државниот пазарен инспекторат настапува со асистенција на Министерството за внатрешни работи и го информираат Јавното обвинителство за активностите кои што ги преземаат, така што овие случаи нема да останат само на констатирање на неправилност, туку секако ќе следи и кривична одговорност секаде каде што се изигрувал и не се почитувал законот", истакна Николоски.
Можеби ќе ве интересира
Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ
