Абедин Зимбери го прошета Стојанче Ангелов во Липково
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Абедин Зимбери и Стојанче Ангелов како воени ветерни од конфликтот во 2001 положија цвеќе на гробот на цивилните жртви во Липково.
Ангелов тогаш беше генерал на македонските вооружени сили, додека Зимбери беше командант на т.н. воена полиција на ОН.
Ангелов напиша дека за прв пат од тогаш го посетува ова место каде што беа водени неколку клучни борби, а за исходот од војната порача дека загубиле Македонците, Албанците и сите граѓани на земјата.