АДИНГ СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА - профитот на компанијата надминува 1 милиони евра
Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2025 11:29
Компанијата АДИНГ АД Скопје препознатлива благодарение на производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво од почетокот на годината успеа да ги зголеми своите приходи за над 20 проценти.
Согласно податоците објавени во деветмесечниот извештај за работењето на Македонска берза, компанијата успеала да оствари приход кои надминуваат 8 милиони евра. Што се однесува пак до добивката, од компанијата објавуваат дека таа надминува 1 милион евра.
- АДИНГ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 504.349 илјади денари кој е поголем од минатогодишниот за 88.711 илјади денари, односно зголемување за 21,3 отсто.
Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 499.518 илјади денари или 99 отсто од вкупниот приход, од кои 64,1 проценти се приходи од продажба на домашен пазар и 35,9 отсто приходи од продажба на странски пазар - пишува во извештајот на компанијата објавен на Македонска берза.
Притоа додаваат дека извозот е реализиран во неколку региони, со детали колкаво е нивното учество во вкупниот извоз. Па така изворот во Србија е 46,9 отсто, кон Бугарија 26,4 проценти, кон Црна Гора 10,2 отсто, кон Косово 5,4 проценти, во БИХ 4,2 отсто, во Украина 3,9 проценти, Хонг Конг 2,3 отсто и останати 0,7 проценти.
- Во истиот период, остварени се вкупни расходи во износ од 438.694 илјади денари што претставува зголемување во однос на минатогодишните за 79.225 илјади денари, односно за 22 проценти.
На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно
Добивка пред оданочување во износ од 67.979 илјади денари, која е поголема
за 22,1 проценти во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 55.683 илјади
денари - се појаснува во извештајот.
Воедно од компанијата посочуваат дека кредитната задолженост е зголемена за 12.834 илјади денари, а капиталните инвестиции се во износ од 28.876 илјади денари.
- Залихите на готови производи се зголемени за 2.324 илјади денари. Добивката пред оданочување во износ од 67.979 илјади денари е за 116,3 отсто поголема од планираната во износ од 31.422 илјади денари.
Во првиот квартал од 2025 година имаме натфрлање во остварувањето на планот во износ од 22,9 отсто, односно по месеци, за јануари имаме остварување од 116,4 проценти, во февруари од 146,2 отсто и во март од 108,1 проценти во однос на поединечните месечни планови. И во вториот квартал од 2025 продолжи натфрлањето во остварувањето на планот, овој пат во износ од 42 отсто, односно по месеци, за април имаме остварување од 139,9 проценти, во мај од 141,5 отсто и во јуни од 144,5 проценти во однос на поединечните месечни планови.
Трендот со натфрлање на планот продолжи и во треттиот квартал, овојпат во износ од 129 отсто, односно по месеци, за јули имаме остварување од 133 проценти, во август од 125,4 проценти и во септември од 128,4 отсто во однос на поединечните месечни планови.
Можеби ќе ве интересира
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




