15 Декември, 2025
0.1103

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 08:50

Добивај вести на Viber

Има или нема „Мега Луна 25“ дозвола за лунапарк во Скопје - Ова прашање се отвори откако инспекторите тврдат дека треба да биде затворен, а сопственикот Панде Димов преку фирмата дека „Зимзоленд“ ги има сите дозволи и дека ќе работи. 

На „Зимзоленд“ за кој државните институции тврдат дека има низа пропусти, си продолжуваат настаните. Синоќа настапи и актерот Игор Џамбазов, а се плаќаат и познати личности да го рекламираат лунапаркот и да повикуваат на посетеност. 

Фактор ја провери битолската „Мега Луна 25“ - фирмата која стои зад Зимзоленд. Основана е на 28 октомври годинава, од Панде Димов. На 24 ноември пак, сопственикот одлучил да отвори и подружница на фирмата, чија дејност се „забавни и тематски паркови“. 

Димов не стои само зад оваа фирма. Лани во ноември, тој заедно со уште четворица други одлучил да ја основа невладината организација која го носи токму името „Зимзоленд“. Ја регистрирале на улицата Мечин Камен во скопски Ѓорче Петров, а невладината организација имала и некаква активност, што се гледа од финансиската работа.

Според бројките кои се објавени, невладината треба да покаже загуба, бидејќи имале приходи од 229 илјади денари, а расходи од 702 илјади денари. Но, пресметките на невладината „Зимзоленд“ покажале дека фирмата нема загуба, односно 0 денари добивка, но и 0 денари загуба. 

Останува нејасно како „Зимзоленд“ продолжува со работа, бидејќи УЈП веќе утврдила дека има неправилности кај три правни субјекти, поради неиздавање фискални сметки и неуредно финансиско работење. Град Скопје пак, пред 4 дена констатираше дека не е издадена дозвола за поставување лунапарк и ја задолжија општина Аеродром да постапи. Но, и покрај последните најави од пред два дена на Општина Аеродром дека почнале постапка за отстранување на поставената опрема, лунапаркот работи под полна пареа, што се гледа од видеата на социјалните мрежи.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите