15 Декември, 2025
0.0403

Административците кои седеа дома конечно ќе тргнат на работа: Владата го усвои планот

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2021 17:23

Добивај вести на Viber

Владата денеска го усвои планот за распределување на административните службеници
вработени преку програмата К5, соопшти привиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби. Тој вели дека новите решенија за работа ќе бидат доделени до
административните службеници во наредните денови. Тоа се вработени по Рамковен договор а од Владата велат дека опфатени се вкупно 1.349 вработени по К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација  на работни места во институцијата во која се распоредува.

При изработка на планот земена е во предвид моменталната состојба на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во институциите кои треба да преземат вработени, потребата од зголемување на бројот на човечки ресурси во тие институции, како и моменталните слободни работни места во тие институции.


„Министерството за финансии веќе има дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници, додека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено во рок од седум дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници, во рамките на нејзините надлежности да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот, да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација, вели Груби.

Органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини. Според Груби, се задолжува Агенцијата за вработување врз основа на решението за распоредување да направи одјава на административните службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу
заедниците и истите да ги пријави во нивните нови работни места.

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро