"Аџибадем Систина" од Битола на Берзата во Куала Лумпур
Објавено во: Мои пари 21 Март, 2017 15:13
Следејќи ги правилата на берзата во Куала Лумпур, групацијата IHH Healthcare Berhad (“IHH”) со седиште во Малезија, достави информација до берзата, објавувајќи го формирањето на субјектите на Поликлиниката „Аџибадем Систина“ во Битола, која што беше отворена на 1 март 2017 година.
Поликлиниката „Аџибадем Систина“ е индиректна подружница на IHH која што нуди здравствени услуги во Битола, Македонија.
IHH, со берзанска вредност од приближно 11 милијарди американски долари, е лидер во приватниот здравствен сектор во Малезија, Сингапур,Турција и Индија а има свои здраствени установи и во Кина и Хонг Конг. Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како дел од Здравствената групација „Аџибадем“, е дел од IHH Healthcare од 2012 година. Ова резултираше со високо позиционирање на Македонија на светската здравствена мапа, имплементрајќи ги најсовремените технологии и протоколи во лекувањето на пациенти.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




