30 Април, 2024
0.0268

АЕК за репрезентативен материјал потрошила 34.000 евра - покрај роковници, пенкала, чадори, ранци, годинава набавила и „Касио“ часовници

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации за репрезентативен материјал потрошила 34.000 евра. Покрај роковници, пенкала, чадори, ранци, годинава набавила и „Касио“ часовници, објави порталот ММС.

АЕК го тресеше сканадал пред две години кога исто за репрезентативен материјал потроши околу 24.000 евра, а најскандалозно беше што тогаш купуваше пенкала со трага од циркони, кои во малопродажба чинеа и до 50 евра.

Тендерот годинава вреден 34.000 го добила фирмата „Скрин Принт“ од Скопје. АЕК според тендерската документација купила и десет „Касио“ часовници за кои ќе плати околу 30.000 денари.

Но, покрај овие часовници, АЕК набавило и 100 паметни часовници, кои се поврзуваат со мобилниот апарат и мерат калории, чекори, пулс, притисок. За нив ќе плати околу 120.000 денари или околу 2.000 евра, бидејќи еден чини по 1.000 денари без ДДВ.

„Сваровски“ пенкалата кои ги бараше во набавката од 2019 година, сега се сменети со поевтини - по околу 400 денари за парче без ДДВ. Овие сега се со УСБ меморија, а се набавуваат 250 пенкала. За нив исто ќе плати околу 120.000 денари, или 2.000 евра.

Потоа за 200 нотеси Портфоли, кои чинат по 620 денари за парче без ДДВ, АЕК ќе плати над 146.000 денари.

Во репрезентативниот материјал кој го набавува Агенцијата се и 200 ексклузивни ранци од еко кожа кои чинат по 1.300 денари по ранец, а за нив АЕК ќе плати околу 300.000 денари или околу 5.000 евра. А речиси 1.000 евра за уште 100 корпоративни ранци. А нешто над 1.000 евра чинат и 100 парчиња безжични слушалки.

На списокот за репрезентација на АЕК се и разни други нотеси, тефтери, пенкала, чадори, УСБ-иња, екстерни батерии, помошни батерии, безжични полначи за мобилни, држачи за мобилни, како и такви држачи за во автомобил, звучници чаши, маици, копчиња за кошули, еко торби, маски.

На целиот репрезентативен материјал, на секое парче треба ласерски да е изгравирано логото на АЕК.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија