05 Декември, 2025
0.0483

Аеродромот на вода влезе во Собрание, Субрата Рој дојде во Македонија

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2013 13:48

Добивај вести на Viber

Предлог законот за дополнување на Законот за внатрешна пловидба, по скратена постапка, со кој се создава правна регулатива за функционирање аеродром на вода, доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Со предложените решенија  целосно се уредува обележувањето подрачје на аеродром на водена површина, начинот на полетување, слетување, маневрирање и оперирање во границите на аеродромот на таква површина, како и местата, начинот и условите за слетување на хидроавион вон аеродромот на водена површина.

Според образложението од Министерството за транспорт и врски, кое преку јавен повик со Предлог законот треба да овозможи безбедност во внатрешната пловидба, со цел создавање услови за зголемување на туристичката понуда со нови содржини атрактивни за туристите во државава.

Објектите на вода, чие поставување е во функција на развој на туризмот, според образложението, претходно треба да бидат планирани со урбанистичко планска документација за туристичка развојна зона. Одобрение за поставување таков објект може да добие само правно или физичко лице кое има склучено договор за отуѓување на градежното земјиште за туристичката развојна зона, склучен со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Одобрение за локација за поставување објект на водена површина издава Министерството за транспорт и врски.

Инаку уште минатиот месец министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, при посетата на Струга информираше дека на повикот што го распиша Министерството, интерес за изградба на аеродром на вода пројавила една заинтересирана компанија.

„ Аеродромот на вода во Охрид нема да се гради како цврста и бетонизирана  градба, туку станува збор за обележување на Охридското Езеро за да се воспостават одредени норми за полетување и слетување“, појасни министерот Јанакиески, истакнувајќи дека се внимава максимално на еколошките стандарди со оглед дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО. Инаку, медиумите изградбата на аеродромот на вода во Охридското езеро веќе ја поврзаа со инересот на Индиецот Субрата Рој за изградба на лукзузен хотелски комплекс во Љубаниште. Тој денеска простигнива во тродбевна посета на Македонија, за време на која се очекува да се прецизираат деталите околу неговите инвестиции во земјава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени