20 Декември, 2025
0.3235

Аеродромски продавници заштедуваат милиони со враќање на ДДВ-то

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 18:07

Добивај вести на Viber

Мнозинството на аеродромските продавници во Обединетото кралство, бараат од патниците да ги скенираат нивните билети на касата, процедура која малкумина сфаќаат за што служи.

На овој начин, продавниците на Аеродромите, враќаат 20% ДДВ од секој производ продаден на патниците, кои летаат надвор од Европа, пишува британски Телеграф.

Од овој данок, всушност се ослободени потрошувачите, кај кои вредноста од 20% од купениот производ треба да им се врати како заштеда. Но, ретко кој го знае тоа.

Трговците на аеродромите биле обвинети од патници, кои тврдат дека овој надоместок не им е вратен.

,,Предавањето на картата во аеродромските продавници, дури и ако купувате само дневен весник, премина во навика кај купувачите, иако не сите сфаќаат која е причината што продавачите се толку упорни. И не е ни чудно што, најголемите продавници заштедуваат милиони од ДДВ-то секоја година. Но нели треба патниците да ги примат тие заштеди? – прашува потрошувачот Ник Тренд.

Утврдено е дека предавањето на картата при плаќањето е веќе вообичаена практика во сите продавници во аеродромите, иако патниците не се законски обврзани да ја предадат истата.

Статистиката пак, покажува дека 89 % од луѓето не знаеле зошто го чекираат патниот билет на каса. А, на анкетата направена на испитаници откако го прочитале текстот, 85 % одговориле дека повеќе нема тоа да го прават.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба