18 Декември, 2025
0.0902

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 09:49

Добивај вести на Viber

Социјалдемократите добиле иницијатива за враќање на партијата, во која предничат поранешниот потпретседател на партијата Игор Ивановски и екс генералниот секретар, Андреј Петров, пишува „Фокус“.

Порталот се повикува на свои информации од партијата, според кои, иницијативата е од страна на поранешни високи партиски и јавни функционери кои не се задоволни од начинот на кој моментално се управува со СДСМ, па дури и се противат на многу политики и постапки на матичната партија.

Според изворите на „Фокус“, двигателите на оваа иницијатива, како и оние што ја поддржуваат и се приклучуваат кон неа изразуваат скептицизам дека актуелното лидерство на партијата може да акумулира поголема поддршка од оваа сега, поради што стравуваат дека партијата ќе стагнира, па дури и дополнително ќе назадува.

Сметаат дека ако целта е СДСМ повторно да ја врати старата слава и да дојде во позиција да претендира да ја освои власта, потребно е лидерство и раководство кое без никакви калкулации и компромиси ќе отвори фронт против ВМРО-ДПМНЕ на идеолошка, политичка и други основи.

Иницијативата не е конципирана како иницијатива за промени во СДСМ по пат на внатрешен судир, туку повеќе како иницијатива за создавање на силен и победнички СДСМ, што, според припадниците на иницијативата, може да се оствари само со заеднички сили и низ еден инклузивен процес.

Според нивните извори, оваа иницијатива не треба да резултира со изострување на конфликт со актуелниот лидер Филипче, туку треба да подготвува политички концепт и кадровска понуда со кои ќе настапи на сцена кога ќе созреат услови, при што се проценува дека тој момент би можел да дојде веднаш по следните парламентарни избори, без оглед дали тие би биле во редовен или предвремен термин.

„Оваа иницијатива не е насочена против никого, но едноставно ферментира ставот дека е доста од ова. СДСМ има 7 отсто рејтинг и ако нешто не се промени ќе го доживее она што му се случува на Џилас во Србија, односно 15 години во опозиција. Но, тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане толку на власт. Дека просторот нема да остане празен тоа се виде со Левица во Скопје“, изјавил за „Фокус“ поддржувач на иницијативата.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“