18 Мај, 2024
0.0342

Агенцијата за медиуми бара повеќе македонска продукција, помалку турски и индиски серии

Објавено во: Економија 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Македонските телевизии да емитуваат повеќе програма од домашно производство, а во втор план да ги стават сериите од турска и индиска продукција, апелира Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Националните радиодифузери имаат обврска годишно да произведуваат 20 часа играна и 10 часа документарна програма, а државата ќе субвенционира половина од трошоците. Целта е домашното производство на квалитетна програма да ги истисне турските и индиските серии кои сега се доминантни на ТВ програмите. „Со Агенцијата за филм се договараме како да го поддржиме телевизиското емитување на филмски проекти и на оние кои веќе постојат, но и на новите, секако со почитување на авторските права и како да ја популаризираме можноста да се конкура за продукција на ТВ-проекти при што, доколку се исполнат одредени критериуми може дел од вложените средства да се вратат“, вели директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, Зоран Трајчевски. Агенцијата за филмски фонд оваа година почнува со евиденција на филмови кои што се дистрибуираат во Македонија, кои што се снимаат во Македонија и е во подготовка изработка на он-лајн дата база. Пред секое емитување на филмови од продукциите, телевизиите мора да склучат договор за нивно емитување. „Во дата-базата ќе бидат достапни информациите за сите филмови кои што дистрибутерите од Македонија ги дистрибуираат во земјава и оние кои што сакаат да ги прикажуваат ќе можат лесно да видат кои филмови се веќе достапни за прокажување, со кој рок на права, на колку години“, објасни директорот на Агенцијата Дарко Башески. Обврската да ја класифицираат програмата според возраста и времето на прикажување, покрај телевизиите, од сега важи и за филмовите во кино салите. Челниците на двете агенции денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се овозможува поефикасна комуникација меѓу институциите, од која корист ќе имаат и радиодифузерите и гледачите.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа