19 Мај, 2024
0.0267

Агенцијата „Идеа плус комуникации“ меѓу финалистите на интернационалниот адвертајзинг фестивал „AdStars“

Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Креативното решение за Винарската визба Тивеш за поддршка на Скопскиот џез фестивал, на маркетинг агенцијата „Идеа плус комуникации“ влезе во финалната селекција на интернационалниот адвертајзинг фестивал „AdStars“ во Азија.

Во огромна конкуренција од целиот свет, односно од пријавени 18.000 решенија, креативното решение на „Идеа плус“ за ВВ Тиквеш влезе во финалната селекција во категоријата outdoor. Пристигнатите решенија ги оценуваше жири од 193 членови од 67 земји.

Ако сте забележани во конкуренција од 18.000 пристигнати решенија, тогаш нема сомнение дека во работата сте внеле нешто уникатно, порака и емоција која има универзален карактер. Нашиот креативен тим посветено и темелно работи на секој проект и целта ни е да оставиме уникатен и препознатлив печат на нашата работа. Нашата креативната работилница продолжува да работи со полна пареа“ велат од тимот на „Идеа плус комуникации“.

tikves 3

Финалниот победник ќе биде објавен на почеток на следниот месец, кога ќе бидат познати имињата на победниците.

„AdStart“ фестивалот е еден од најбрзорастечките глобални огласувачки фестивали кој претендира да стане еден од водечките во оваа категорија на светско ниво. Бројот на пријавени проекти секоја година расте, што јасно укажува на сѐ поголемиот интерес и престиж да се биде дел од ова натпреварување во светската адвертајзинг индустрија.

„Идеа плус комуникации“ е една од водечките агенции на македонскиот пазар, која нуди целосни комуникациски решенија на пазарот. Основана е во 1996 година и е една од првите агенции од ваков вид на македонскиот пазар. Со потпис на „Идеа плус комуникации“ се адвертајзинг кампањите на многубројни домашни и светски брендови, а агенцијата е заслужна и за создавањето на многу нови бреднови.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО