„АХМЕТИ НИКОГАШ НЕ ИЗГУБИЛ ИЗБОРИ“: Бектеши најави активности заради тоа што не се дел од власта
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2024
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе демократски механизми, со цел да го одбрани легитимитетот на Албанците, рече синоќа во гостување во вестите на ТВ Сител, Крешник Бектеши, министерот за економија и член на ДУИ.
Според него, тие механизми се темелат на фактот што ДУИ како предводник на „Европскиот фронт“ добил поголема доверба од страна на Албанците во земјава, како што рече, со над 30 илјади гласови разлика и со шест мандати повеќе од коалицијата „Вреди“.
„Бараме да се почитува духот на Охридскиот рамковен договор и од страна на мандатарот, во случајот тоа веројатно ќе биде Христијан Мицкоски. ДУИ секогаш се покажала како државотворна партија и ќе ги користи сите демократски механизми. Не зборувам механизми дека сакаме да го уплашиме народот. ДУИ и нејзниот лидер се идеолозите на Охридскиот рамковен договор. Таму се дава духот и насоката како треба да се движи државата со цел да се креира и меѓуетничка хармонија и внатрешна во општеството, за да имаме стабилна држава“,рече тој.
Не верува, како што посочи, дека некој кажал дека нема да има стабилност во државата, ако ДУИ не е дел од владата, односно додаде дека ДУИ не бара по секоја цена да биде во влада.
„ДУИ бара почитување на лигитимитетот и на мнозинството на Албанците и на другите етнички заедници кои живеат во државата“,вели Бектеши.
Ахмети, како што рече Бектеши, никогаш не изгубил избори, туку секогаш ја добил довербата на граѓаните од албанскиот блок.
„Не може да одредите кој ќе биде албанскиот партнер кога уште во Македонија се гласа по етничка определба“,рече тој.
Бектеши најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги објави конкретните чекори што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.
Меѓународната заедница, како што рече тој, не треба да ја бараме за да посредуваат меѓу нас тука после се што сме поминале низ годините.
„Ние сме созреале како држава до тоа ниво, каде ние треба да седнеме да разговараме и да се разбераме меѓу себе и да мислиме како државата да оди напред“,вели тој.
Според него, доколку се случи ДУИ да биде опозиција, ќе биде конструктивна со конкретни предлози, во рамките на демократијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.