18 Мај, 2024
0.0447

Банката која најавува почеток на светско чудо?

Објавено во: Економија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

 Институциите со кои Западот, првенствено САД, ја одржува својата глобална доминација, ММФ и Светската Банка, кон крајот на минатата година добија можеби и најсериозна конкуренција досега.

Новата банка е кинеска иницијатива капитализирана со околу 50 милијарди долари наменети за финансирање на инфраструктурни проекти во Азија и пошироко. Новата банка, наречена Азиска Инфраструктурна Инвестициска Банка, АИИБ, ја основаа 21 земја, но неодамна доби и дополнителна поддршка од неколку европски земји.

Оваа недела и Австралија најави дека ќе се приклучи кон кинеските планови за формирање на нова Азиска Инфраструктурна Инвестициска Банка (АИИБ).

Банката која настојува да "зграби" 8 трилиони долари инвестициски дупки и да овозможи 100 милијарди долари за нови патишта, мостови, пристаништа на азиските економии, би можела да го води во нова фаза регионалното влијание на Кина, но овојпат без мешање на САД.

Директорот на институтот за глобални финансии, Фариборз Мошириан, изјавил дека кинеската масивна страна за размена на резерви и желба за поголема власт го поттикнуваат планот на Пекинг. aiib-720x435

"Кина се обидува да ги користи економските мускули и во смисла на реакциите на Бретон Вудс институциите како што се ММФ и Светската банка. Тие се гледаат како деца на САД и Европа, а овојпат Кина сака нешто свое. Тоа е еден вид на нуспродукт во издигањето на финансиската сила на Кина. Во иднина ќе видиме многу повеќе од ова влијание, бидејќи Кина сега може и да си дозволи учествување во ваква активност", вели Мошириан.

Јапонија, Тајван и Египет покажаа интерес за да станат основачки членови, што го зголемува и бројот на вклучени земји на 40. Наведените три се последни во низата традиционлани американски партнери кои дале знак дека сакаат да учевствуваат и во Азиската Инфраструктурна Инвестициска Банка. Тука се и Австралија, Британија, Нов Зеланд, Франција, Германија, Швајцарија и Јужна Кореја.

5D957CAD-0A09-4FA7-9968-672387AE9D57_w640_r1_s_cx0_cy3_cw0

Тоа прави САД да биде една голема економска сила која во сето ова не е вклучена. Мошириан тврди дека фактот дека САД е единствена силна економија која се воздржува, јасен знак е дека нејзините сојузници нема да застанат настрана од својот сопствен економски развој.

"Тие не сакаат да се изолираат. Имаат блиски врски со Кина во поглед на трговија и инвестиции. Ако Кина се "расфрла" со пари, тогаш зошто тие тоа да не го прифатат? Кина станува јака, па со тоа, зошто да се изолираат?", додава Мошриан.

Ешли Роге, од австралискиот Институт за Меѓународни односи, вели дека масовниот прилив ги остави САД "посрамотени" откако ги одолговлекуваа реформите на ММФ, поради што пропуштија да ѝ дадат можност на Кина во веќе постоечките организации.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг вечи дека Кина ќе потроши повеќе од 640 милијарди долари во инвестиции во други држави во следните пет години, а тоа што се голема земја, значи дека тие мора да бидат силна потпора и одговорни за светскиот мир и развој. Кина: Тајван може да пристапи кон АИИБ – но само под друго име

Кина ја поздрави намерата на Тајван да поднесе барање за придружување кон Азиската Инфраструктурна Инвестициска Банка (АИИБ) но под "примерно име", пренесе кинеската новинска агенција Xinhua.

Кинеската канцеларија која е одговорна за прашањата поврзани со Тајван го примила тајванското писмо со нивните намери и му го проследи на регистарот на АИИБ, изјавиле од канцеларијата за Xinhua.

"АИИБ е отворен за нови членови. Го поздравуваме придружувањето на Тајван под своето 'примерно име'."

china11 Поголемиот дел од државите, вклучувајќи го и САД не го признаваат Тајван поради притисокот од Кина. Тајван не е член во Обединетите Нации, Светската банка и ММФ, но е член од Азиската развојна банка под името 'Тајпеј, Кина'.

САД ги повика сите земји добро да размислат пред да се придружат кон АИИБ која е основана од Кина.

Кина ја смета Тајван за прибегната покраина и не ја исклучува можноста за употреба на сила како би ја вратила во својата, според нив, матична земја. Откако должноста тајвански претседател ја презема Ма Јинг-јеу во 2008-мата година, непријателството помеѓу Тајпеј и Пекинг е значајно намалено и двете страни потпишаа бројни трговски и инвестициски договори.

K.K.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа