28 Март, 2024
0.0247

Ајвар наш насушен

Објавено во: Колумни 23 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Локалниве скопски телевизии, можеби поттикнати од најавата за законско ограничување на подготовката на зимница на јавни површини или во недостиг на атрактивни содржини, сите „од ред„(без исклучок)побрзаа со прилози за традиционалниот македонски ајвар.Приодот беше различен:од живо линковско вклучување од местото на подготвување на производот што одамна е бренд познат и надвор од нашите граници, до анкети по пазарите за тоа колку се купува струмичкиот пипер или „куртовската капија“ и по која цена(анкетираните видливо зачудени –„што ме прашува сега кога абер нема од правење ајвар“).

Ајвар се праи,се знае,околу 11 октомври и до колку врне по малку,уште поарно.Странците,нашите привремени сограѓани,веќе се навикнаа не само на вкусот на црвениот специјалитет,туку и на глетките пред објектите за групно живеење и парковите и тротоарите,пред гаражите и по дворовите-чад и мирис на благ и лут пипер и модар патлиџан што џврџори на врелиот плех со исправените ќунци што гордо се прчеа кон небото небаре се ракетни рампи, придонесувајќи за еколошката чистота на скопскиот воздух.Ајварот по формула-демек по дифолт,е салата,мезе за ракија и вкусно предјадење,но во нашиов случај е дел од менито.Има ли нешто повкусно од тазе леб,парче сиренце и дебел слој ајвар што остава во устата вкус на блаженство, а  околу усните трага во вид на црвени мустаци.

Генерации скопјани  израснаа со ајвар,но и со други мајстории и ѓаконии на мајкината и бабината зимница.Ајварот е институција и си има свој протокол,„не може така од небо па у ребра,ај ќе праиме денеска ајвар“.Првин се прават опсежни подготовки со денови-се мијат тегли во кои ќе се складира вкусниот деликатес,се прибира огрев(купишта картони,лесонити,по некое потенко дрвце и гранки,сушени и исцепкани специјално за вакви пригоди,се прибира тенекија или се зема од комшијата,најчесто,која ставена на два поголеми камена или на тули е плотната врз која се пече пиперот.Пипер купуваше домаќиката по опсежна опсервација на цените и квалитетот на трите тогашни пазари(ги има и сега).На неколку тури во големи торби и помали вреќинчиња качени на рамот од точакот се носи дома(тука доѓаат до израз сопругот и најголемиот син).Се брише црвениот меснат пипер со влажна крпа од нечистотија,а во меѓувреме со интензивен чад и миризба на запалена хартија од весници и по некое потенко исцепкано дрвце се пали огнот што ја загрева ламаринената плотна.Околу местото на подготовка веќе се собрани комшики и „машала“израсната женска челад кои ќе го лупат пиперот и ќе го чистат од семето.Тука има посебен ритуал на приказни и шеги со громогласно смеење,а неретко и со по некоја песна(„Мој драгане што ме заборављаш).На навалена површина излупените пиперки се цедат цела ноќ за ајварот што побргу да се испржи и се мелат на машина за мелење месо „на осмица“(решетка што најмногу и одговара на пиперковата смеса).Го мелеа најчесто татковците,а и ние децата по малку звртувавме по некоја „рачка“,за потоа да се истури смесата во големо тенџере купено од циганки што во летните месеци шетаа низ маало и бараа алишта во компензација за важниот куински елемент.Со часови се меша „ајварот во најава“ кој станува се пожежок и се попопдложен на „загорување“.На крајот кога главната мајсторка ќе одобри се става зејтинот и се пржи уште малку,се додава сол по вкус и производот со опоен мирис се собира во подгреани тегли,се посипува секоја тегла со зејтин и така конзервиран се остава ајварот уште извесно време покрај огнот,а вечерта тегла по тегла се реди по подруми и помошни куински простории за да ја дочека зимата.

Сега ајвар си купуваш кога ќе ти кефне,во „Тинекс“ и во„ Веро“,под разни имиња и во разна амбалажа-често по вкус сличен на оној од детството.....но без душа што би се рекло...без традиција и шмек на есенско дружење и пријателство.Останува во устата, како и некогаш, вкусот на пиперката, но и некакво чувство за времето што никогаш повеќе нема да се врати.Животот тече,ајварот останува!  

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?