Добивај вести на Viber
Сенатот на Универзитетот ФОН, на денешната седница, едногласно, го избра академик Владо Камбовски за нов ректор на Универзитетот.
Досегашниот ректор, проф. д-р Александар Николовски, ќе биде директор на докторските студии на ФОН.
Истовремено, сенатот ги изгласа и проф. д-р Симе Арсеновски како проректор на Универзитетот, доц. д-р Катерина Апостолска како нов декан на Факултетот за дизајн и мултимедија и проф. д-р Зоран Гацовски за нов декан на Факултетот за информатика.
Кадровите промени на Универзитетот се извршени согласно 5-годишната стратегија на ФОН за приближување кон Лисабонската агенда и стратегијата за регионален развој.