19 Мај, 2024
0.0358

Ако банкротира агенцијата додека сте на одмор, се снаоѓате сами

Објавено во: Економија 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Десетици илјади руски туристи деновиве останаа заглавени во Грција и низ други дестинации во светот откако банкротираше тур-операторот преку кој заминале на одмор. Авиокомпаниите не им ги прифаќаа билетите за враќање во земјата, па мораа да се снаоѓаат. И македонските туристи кога летуваат во странство мора со себе да носат екстра пари, бидејќи во случај на банкрот на туристичката агенција ќе се најдат во слична ситуација, пишува Дневник. Во ваква ситуација тие самите ќе мора да се снаоѓаат за да си го платат превозот за назад, како и да ги намират трошоците во хотелот доколку агенцијата навреме не го сторила тоа. На крајот никој не им гарантира дека ќе бидат обесштетени за дополнителните трошоци на кои биле изложени. Од Министерството за економија објаснуваат дека секоја туристичка агенција за да добие А-лиценца, мора да склучи годишен договор со осигурителна компанија за осигурување од одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра. Тоа осигурување, објаснуваат надлежните, треба да го покрие обесштетувањето за патниците во вакви и слични ситуации. Сепак, осигурителни агенти објаснуваат дека овој вид осигурување не секогаш е гаранција дека патниците ќе можат да бидат обесштетени при евентуален банкрот на туристичката агенција. „Над таа сума останува самата агенција да си ги обесштети паниците или тие преку тужба да си ги бараат парите од неа“. објаснуваат осигурителни агенти. Важно е да се знае дека патничкото осигурување што туристите задолжително треба да го извадат пред да патуваат во странство не покрива вакви ситуации. Овој вид осигурување се однесува само на здравствено осигурување, а за одредена дополнителна сума може да се осигури и багажот од доцнење или губење. (ВИДЕО) Чудна „војна“ на Британците и Германците во Шпанија – кој е полош?  

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа