07 Декември, 2025
0.1241

Ако е скапо мора да е добро!?

Објавено во: Стил 17 Декември, 2014 09:14

Добивај вести на Viber

Првото нешто што човек го гледа, влегувајќи во продавницата за парфеми Guerlain на Шанзелизе во Париз, е ексклузивната колекција на француската марка Les Praisiennes која се продава за 200 евра за шише. Таа доаѓа во многу мал број продавници низ целиот свет. Les Parisiennes и други лимитирани серии се одговорот на Guerlain кон бројните мали ексклузивни компании за парфеми, кои влегуваат во индустријата, вредна 26 милијарди долари, и го крадат пазарниот удел од големите брендови. Ексклузивните марки заземаат повеќе место на полиците на луксузни продавници како Harrods во Лондон, Printemps во Париз и Bergdorf Goodman во Њујорк. Тие се поддржани и од новата генерација модерни продавници за парфеми и козметика како Liquides and Nose во Париз, Min во Њујорк и Space.NK во Лондон. Овие производи се популарни поради зголеменото чувство дека многу од парфемите во масовна продажба кои ги имитираат успешните и скапи мириси на крајот влијаат на ист начин. Аналитичарите веруваат дека многу од брендовите како Yves Saint Laurent, Armani и Lancome пуштиле премногу варијанти на одделни парфеми, што дополнително ги збрка корисниците и го преполни пазарот. Освен тоа, клиентите очекуваат многу повеќе и се повеќе информирани. Ексклузивните марки се разликуваат од поголемите конкуренти со тоа што се фокусираат повеќе на оригиналноста на вкусот, отколку на пакувањето или сликата на некоја славна личност, која треба да ги рекламира овие производи. Обично тие користат повисока концентрација на екстрактите и повеќе природни состојки, кои го задржуваат мирисот подолго. Сепак нема официјални статистички податоци за ексклузивните парфеми, наведуваат аналитичарите. Според нив тие претставуваат максимум 10% од вкупните годишни продажби на high-end парфеми, бидејќи чинат многу повеќе од производите кои се нудат на пазарот. За стоковни куќи како Harrods ексклузивните парфеми претставуваат поголем дел од приходите. Но, во оваа категорија влегуваат и лимитираните серии на поголеми брендови како Chanel, Guerlain, Dior и Hermes. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: