Ако го користите името АДЕЛ, следи тужба!?
Објавено во: Свет 26 Декември, 2012
Британската пејачка Адел одлучи и правно да го заштити нејзиното име, за да ги спречи луѓето да продаваат разни производи, користејќи се со славата која нејзиното име го носи.
„Адел не сака кој било да го искористува нејзиното име на производите само за да ги измами корисниците и да ги наведат да помислат дека таа има некоја врска со тие производи,“ вели извор близок на пејачката, пренесоа светските медиуми.
Адел не сака нејзиното име да се најде на производи како парфем или накит, со кои таа нема никава врска. Сега, откако и официјално од своето име направи бренд, секој кој ќе го злоупотреби нејзиното име ќе се соочи со тужба.