Ако не сте се попишале досега, сторете го тоа на локации во вашата општина
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021
Oние што не се попишале ќе можат тоа да го сторат на одредени локации во својата општина.
Тие граѓани ќе можат да појдат на неколку локации во нивните општини и да се попишат. Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика наменета исклучиво за пописот.
„Државниот завод за статистика од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, со цел никој да не биде пропуштен во пописот“, изјави на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од заводот за статистика.
Оваа можност се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт.
Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, соопштија од Владата.Заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1 395 000 граѓани, над 435 000 домакинства и над 600 000 станови. До денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195 477 граѓани од дијаспората.
фото ДЗС