03 Мај, 2024
0.0267

Ако ОПЕК го продолжи договорот за приносите, нафтата може да поскапе над 60 долари

Објавено во: Економија 12 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Оваа недела нафтата поевтини до под 50 долари за прв пат од почетокот на годината. Цената на барел нафта сепак може да се зголеми до над 60 долари до крајот на годината, ако земјите од ОПЕК одлучaт да го продолжат договорот за намалување на приносите.

„Нафтата можеше да поевтини и до околу 45 долари, но темелите на пазарот не се променети драстично оваа недела“, коментира за весникот Ричард Малинсон, геополитички аналитичар од Energy Aspects.

Според него ако ОПЕК го продолжи договорот за намалување на приносите, до крајот на годината црното злато може да поскапе и до над 60 долари за барел.

На крајот на оваа недела цените на нафтата паднаа, откако американската Администрација за енергетска информации соопшти дека резервите во САД се зголемиле за 8,2 милиони барели во претходната недела.

Притисокот врз цените на црното злато се засилија и поради коментари на саудискиот министер за енергија, Калид ал Фалих. Тој посочи дека нема гаранции дека ОПЕК ќе го продолжи договорот за намалување на приносите во втората половина на годината, а пазарот го прифатил договорот за готово.

Минатата година земјите членки на ОПЕК се договорија да ги намалат приносите со 1,2 милиони барели дневно почнувајќи од јануари. Кон договорот се приклучија и држави кои не се членки на организацијата, кои ги намалија приносите заеднички со 558 илјади барели дневно.

Договорот е во сила за првата половина на 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски