06 Декември, 2025
0.0344

Ако сакате подобар сон – јадете помалку!

Објавено во: Стил 07 Септември, 2014 21:07

Добивај вести на Viber

Според истражување на универзитетот Колумбија, луѓето кои спијат помалку, јадат повеќе и тоа 300 калории повеќе на дневно ниво.

Во истражувањето набљудувани се навиките за јадење и спиење на луѓето, при што резултатите покажале дека луѓето кои спијат помалку не само што јадат повеќе, туку и преферираат нездрава храна.

Во испитувањето биле опфатени 13 мажи и 13 жени кои биле чувани во контролирана средина шест дена и тоа посебно мажите и посебно жените. Во првите четири дена им било дозволено да спијат по девет часови и да јадат што сакаат. Петтиот ден истражувачите им дозволиле да спијат четири часа и исто така да јадат што сакаат во текот на денот.

Во денот кога спиеле четири часа, луѓето изеле во просек по 300 калории повеќе отколку кога спиеле по девет часа. Интересно, калориите не дошле како резултат на тоа пто тие едноставно биле будни подолго време. Учесниците во истражувањето воглавно се придржувале до времето во кое обично јадат, но за своите оброци одбирале храна со високо заситени масти.Иако истражувањето е мало во големина и опсег, ја покажува врската помеѓу сонот и дебелината. Претходно истражување покажало дека недостатокот на спиење се поврзува со дебелеењето затоа што телото функционира послабо кога сме поспани и повеќе ги задржува мастите. Ете уште една причина да спиете повеќе навечер.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: