14 Декември, 2025
0.0445

Ако сте се вакцинирале во Србија, и имате српски сертификат, во странство има проблеми....

Објавено во: Македонија, Балкан, Корона Вирус 21 Август, 2021 11:26

Добивај вести на Viber

Илјадници македонски граѓани се вакцинираа против коронавирусот во Србија, а весникот Блиц пишува каде нивниот сертификат го олеснува патувањето, но и каде може да се јават проблеми. 

Извесен Славиша за весникот објаснува дека заминал во Франција, но ниту неговиот, ниту баркодот од сертификатот на неговата сопруга не е вчитан, и не се работи за грешка, туку тој не важи во странство. 

„Апаратот кој го чита баркодот кој е вакцинира, а кој не, во Париз не може да го вчита нашиот зелен сертификат издаден во Србија. Еве во Париз не можам никаде да влезам, иако имам сертификат за вакцинација. Оваа ситуација доведува во проблеми многу наши државјани. Не можеме да влеземе во продавници, ресторани, метро, апсолутно никаде“, вели тој. 

Но, овој човек е на одмор  и не сакал да се занимава со документи. Сепак, тој не е единствен. На социјалните мрежи и други граѓани се пожалиле на проблеми. 

Блиц од Канцеларијата за ИТ дознал дека има проблем со вчитување на баркодот од српскиот зелен сертификат затоа што Србија не е членка на ЕУ. Различни се уредите за земјите од ЕУ, а поинакви се оние за читање на сертификати и баркодови од Србија и другите земји. Но, велат дека и тоа не е усогласено и дека истиот проблем може да се јави и меѓу земјите кои се членки во ЕУ. Додаваат дека најважното е дека српските сертификати може да се користат во странство, но важно е да има обични читачи. 

Но, Славиша вели дека ваквите читачи ретко каде ги има, и затоа ова решение не може да помогне за нив. 

Блиц наведува дека ковид сертификатот од Македонија е прифатен во ЕУ, а за другите земји од регионот, процесот е во тек. Додаваат дека македонскиот сертификат ќе бидат прифатен како и другите во ЕУ, а  за другите земји од Западен Балкан процесот трае. 

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово