27 Април, 2024
0.0298

Ако забрзано се исполнуваат резервните болнички капацитети, дефинитивно полициски час: Има 464 хоспитализирани пациенти

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Нема место веќе во болниците, во модуларната на Инфективна почнаа да се примаат првите пациенти, предупредуваат здравствените власти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за Канал 5 потврди дека од вчера се примени и првите пациенти во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и предупреди на воведување полициски час.

-Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола менаџираме помеѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука имаме слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако ние оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час, потенцираше министерот Филипче.

Во моментов во болниците низ цела Македонија се хоспитализирани вкупно 464 пациенти заболени од корона вирусот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“