18 Декември, 2025
0.0480

Активните мерки за вработување – недостапни за ранливите категории граѓани

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2014 18:40

Добивај вести на Viber

Дури 70% од претставниците на ранливите категории граѓани не ги користат активните мерки за вработување поради недоволна информираност, додека информираноста за пасивните мерки е поголема, покажа истражувањето „Внимавајте на јазот помеѓу буџетските ставки и програмите од Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“, на Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think Скопје.

Недостатокот од информации е почест кај лицата со понизок степен на образование, а со позначајни јазични и комуникациски пречки се соочуваат Ромите. Во процесите за идентификување потенцијални проблеми на граѓаните како и предлог мерки за нивно решавање, граѓаните не се доволно консултирани. Само 31% од нив биле вклучени во овие процеси. Во процесот на мониторинг врз трошењето на средствата и ефектите од искористената мерка изостанува нивната вклученост исто така. По добиената помош, само 24% од испитаниците биле исконтролирани од Центарот за социјална помош.

Со истражувањето се забележува и дека во Македонија не постои сеопфатна и јасна класификација кои категории граѓани спаѓаат во социјално исклучени, ранливи и сиромашни граѓани.

Целта на проектот е да ја зголеми ефективноста и искористеноста на програмите за намалување на сиромаштијата, преку зголемување на транспарентноста на буџетските ставки поврзани со неа и информираноста на граѓаните за нив. Истражувањето користи три метода: интервјуа со претставници на ранливата категорија граѓани, анкета за истражувачи за да се испита колку тие го истражуваат проблемот на сиромаштијата и документациска анализа на стратегиски документи.

Со цел да се зголеми информираноста на ранливата категорија граѓани, Finance Think изгради ресурсна веб платформа (www.siromastija.mk) која ги поврзува социјалните програми и нивните сегашни и потенцијални корисници. Платформата нуди информации за: условите за користење на програмите, бенефити од програмите; потребни документи и формулари за аплицирање. Обезбедува податоци за сиромаштија, нееднаквост, број на корисници на социјална парична помош, буџетски средства издвоени за социјални трансфери, итн. Овој проект е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА