Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите
Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2025 14:51
Поместувајќи ги границите со своите иновации, Samsung создава
уреди кои ги интегрираат најновите технологии за да ги задоволат потребите на
своите корисници. Последниот пример за ова е Galaxy
S24 FE, кој ги комбинира најдобрите перформанси на камерите со врвно
визуелно искуство, овозможувајќи одлично и динамично мобилно искуство.
Телефонот, заедно со серијата таблети Galaxy
Tab S10, претставува одличен избор за продуктивност и забавни активности.
Придобивки од Galaxy S24 FE:
Импресивен дисплеј: Galaxy S24 FE е опремен со динамичен 6,7-инчен AMOLED 2X дисплеј со брзина на освежување од 120 Hz. Ова ви овозможува да гледате содржина со јасни и живописни бои, без разлика дали прелистувате социјални мрежи, гледате видеа или играте игри. Стекнувате уникатно визуелно искуство со неверојатна јасност на деталите.

Долготрајна батерија и одлична ефикасност: Со батерија од 4700 mAh, Galaxy S24 FE обезбедува целодневно користење без стрес за полнење. Вградениот систем за ладење ја одржува температурата на уредот, дури и при долготрајна употреба како на пр. гледање видеа или играње игри. Ова обезбедува стабилни перформанси, без загревање.
Безбедност и отпорност: Телефонот е заштитен со Samsung Knox за максимална сигурност на вашите податоци. Покрај тоа, сертификатот за отпорност на вода и прашина (IP68) гарантира сигурна употреба во различни услови, без разлика дали сте на дожд или во прашина.

Професионални фотографии: Камерата со сензор од 50 MP, заедно со технологијата Nightography, ви овозможува да снимате квалитетни фотографии и видеа дури и во слаба осветленост. Вештачката интелигенција автоматски ги прилагодува осветлувањето и контрастот, додека Photo Assist ја препознава сцената и оптимизира поставките, што резултира со фотографии од професионален квалитет.

Galaxy S24 FE комбинира врвни перформанси, визуелна изведба и безбедност, што го прави идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во најдоброто од мобилната технологија.
Таблет за вистинско уживање во работата и забавата
Серијата Galaxy Tab S10 е создаден за корисници на кои им треба супериорни перформанси во комбинација со елегантен дизајн. Во зависност од тоа дали се работи за Tab S10+ или Tab S10 Ultra, динамичниот AMOLED 2X екран доаѓа во дијагонали од 11 или 12,4 инчи, со стапка на освежување од 120 Hz, што го прави одличен за мултитаскинг, стриминг и играње игри.

Сите оние кои ќе го користат овој уред за работа, со пенкалото S Pen дополнително ќе можат да ја доживеат функционалноста за лесно пишување, цртање и уредување фотографии. S Pen, со Note Assist, автоматски ги конвертира рачно напишаните белешки во дигитален текст, што заштедува време и ја зголемува продуктивноста. Мултитаскингот е уште полесен бидејќи Tab S10 поддржува работа во повеќе прозорци, овозможувајќи истовремена употреба на повеќе апликации. А тука е и извонредното аудио искуство овозможено од Dolby Atmos и четирите вградени звучници кои обезбедуваат богат звук за филмови, игри и музика.
Паметно поврзување во домот
Како и сите уреди на Samsung, така и телефонот Galaxy S24FE и таблетите Galaxy Tab S10 доаѓаат со апликацијата SmartThings, што овозможува интеграција на паметниот дом.Следете ги и управувајте со останатите апарати преку екранот на телефонот или таблетот и бидете во тек со паметните технологии на нашето време.
*пр објаваМожеби ќе ве интересира
Инвестирајте како гејмер: 5 P2P стратегии позајмени од светот на стратегиските игри
До домот кој го посакуваш со само 10% учество - Нов поволен станбен кредит од УНИБанка
СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА НОСОТ И ЈА ШТИТИ НОСНАТА СЛУЗНИЦА
Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct
La Scolca на кралската трпеза во резиденцијата на Кралот Чарлс III
Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите
Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА“ ВО МАЛА СТАНИЦА





