Алах сака Трамп да биде претседател, братот на Обама ја запали јавноста
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016
Малик Обама, кој е еден од полубраќата на актуелниот американски претседател Барак Обама, на Твитер напиша дека „Алах сака Доналд Трамп да владее со Белата куќа“. Ваквата порака ги загрижи Демократите кои се речиси сигурно дека Хилари Клинтон ќе го наследи Барак на челната позиција во Вашингтон и сметаат дека кампањата на Трамп го злоупотребува Малик кој има нарушени односи со семејството Обама.
За потсетување Малик е доста контраверзна личност кој му нанесе проблеми на својот полу-брат, со сомнежи за злоупотреби на положбата, па тоа беше доволно за тие да ги заладат односите. Откако Малик доби американско државјанство отворено го поддржува Доналд Трамп и лично од него бил повикан да присуствува на третата претседателска дебата како провокација кон Хилари и Демократската партија.
Сепак, коментарите на социјалните мрежи се непожелни бидејќи Трамп вети дека ќе го забрани влезот за сите муслимани во САД штом стане претседател, па се чудат како Малик може да му ја дава својата поддршка на кандидат кој е насочен против нив.