Алармантно портокалова фаза во три региони од Македонија!
Објавено во: Мои пари 07 Август, 2013
Од Управата за хидрометеоролошки работи алармираат дека во четврток и во петок три региони од територијата на државата ќе бидат зафатени од топлотен бран-портокалова фаза.
Во портокалова фаза се осоговско-малешевскиот, охридско-преспанскиот и полошкиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.
Останатите три региони (скопски, јужно-вардарски и пелагонски) ќе бидат зафатени со топлотен бран од жолта, односно алертна фаза.
Најавата од УХМР се однесува само на овие два дена, бидејќи за време на викендот се очекува мало намалување на температурите во целата држава.
Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.